АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иако календарски зимата се уште не е почната, снегот што непрекинато паѓа во Битола од утрово, формира и снежна покривка, а сообраќајот се одвива по кашести коловози. Од ЈП „Нискоградба“ за апла.мк велат дека нивната механизација веќе е на терен, а на критичните места се фрла сол, додека по селата се чистат локалните патишта, за што на нивната ФБ страница објавија и кусо видео. Од таму најавија дека за кратко време попладнево на терен ќе биде целата механизација со која располага ЈП „Нискоградба“
По пауза од три години, откако беше затворена единствената специјализирана продавница за книги во Битола, од денеска во градот повторно е отворена книжарница, овој пат на Литература.мк. Во простор од 20 м2 на Широк Сокак бр. 40 со модерен, артистички уреден ентериер, од „Литература.мк“ велат дека ги носат светските книжарски трендови и во Битола.
Деновиве се затворија неколку кафулиња на битолски Широк Сокак, а сé погласно се зборува дека ваквиот тренд нема да запре тука.
Меѓу битолчани владее незадоволство од неисполнетите ветувања на локалната и централната власт, рече при денешната посета на Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Битолчанецот Т.Б (51) во три дена украл 53 илјади денари.