2win800x200

По повод 120 годишнината од Илинденското востание, во организација на Завод и Музеј Битола, в понеделник на 31 јули  во 12 часот, во Меморијалниот музеј во село Смилево, ќе биде свечено отворена изложбата ,,120 години Илинденско востание во Битолскиот револуционерен округ".

Автори на изложбата м-р Евгениј Литовски и м-р Филип Талевски, вработени во НУ Завод и музеј Битола.

 

Четворица млади  уметници, инаку матуранти  во битолската гимназија  „Јосип Броз Тито“,  вечерва,  во музејот на Ранко Струмениковски во Битола, во рамки на изложбата Nexus ги изложија своите уметнички дела.  Секој од авторите, Ангела Дуковска, Анушка Симјановска, Антон Гагачев и Анастасија Јанкуловска се претставија со  различна тематика и различен стил.

 277610886 1168349860593886 5631405304390921744 n

 Изложбата ја отворија Драган Ристевски и професорот по ликовна уметност Александар Поповски, кои имаа многу пофални зборови за младите уметници

 received 341833907918947

Ликовниот уметник и критичар Владо Ѓоревски – Рафик,   рече дека  има чест да зборува на изложба на млади ликовни автори, гимназијалци, што е од огромно значење затоа  што уметноста ќе продолжи да живее во Битола.

277689444 653550065721911 6365089143750368417 n

За убавата атмосфера на отворањето на оваа изложба  свој придонес имаа Андреј Петровски и Бојан Јанакиевски со своите музички настапи

 276972330 710250563329378 7786490685656805844 n

 
 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани