АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Снег утрово ги изненади битолчани, посебно поради фактот што зимата календарски веќе десетина дена е зад нас.
Фотографиите се направени во Потпелистерието, во село Нижеполе
Средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките во Битола во април биле под максимално дозволените граници од 40 микро грами на метар кубен, а во последната недела од месецот може да се констатира исклучително чист воздух во Битола. Но, загрижуваат податоците за средномесечните концентрации за ПМ 2,5 честички кои на сите локации каде има мерни станици во градот се движеле над просечно пропишаните 10 микро грами на метар кубен. Ова е дел од Извештајот за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола објавен од платформата „Земи здив“.