АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Трајан Димковски при неговата посета на општина Новаци, заедно со градоначалникот Љубе Кузманоски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски направи увид на проектите што се реализирани со средства од Агенцијата за финансиска поддршка преку програмата за рурален развој.
Општина Новаци преку Програмата за рурален развој реализира два инфраструктурни проекти -Изградба на локален пат до с.Тепавци во должина од 3км и изградба на локален пат од крстосница од с.Старавина-с.Будимерци до манастир Св.Атанас ,с.Старавина во должина од 811 м со вкупна вредност на двете инвестиции од 23.6 милиони денари и проектот за изработка на урбанистички планови за 6 населени места во вредност од 11 милиони денари кој е во тек на реализација.
Со традиционалното фрлање на светиот крст во осветените води во сите православни храмови во општина Новаци се одбележа големиот христијански празник Богојавление-Водици .
Главната церемонија се одржа во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во с.Новаци каде на светата богослужба присуствуваа голем број на верници.
Од шеснаесетмината пријавени за фаќање на светиот крст оваа година најсреќен беше Христијан Стојановски кој за првпат го извади светиот крст .
Градоначалникот Љубе Кузманоски од името на општината му додели вредносен ваучер.
Општината обезбеди парични награди за сите среќни фаќачи на светиот крст во сите 16 населени места каде се негува традицијата на одбележување на Водици.
На светиот чин на фрлање на крстот во населените места с. Добромири и во с.Рибарци присуствуваше претседателот на Совет на општина Новаци Наумче Смилевски кој му ги врачи вредносните ваучери на среќните наоѓачи на светиот крст.
Градоначалникот Кузманоски на сите оние кои беа најсреќни и го фатија светиот крст му посака здравје , среќа и бериќет а на своите верници од општината им го честита Богојавление -Водици .