
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Горан Исков ги собра сопартијците на првиот состанок по неговото назначување.
"Главната цел на новиот претседател Горан Исков и активистите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола е остварување нови изборни победи преку партиско обединување и теренска работа.
Новата функција носи обврска за континуирани победи. Исков ја истакна својата заложба за успех во претстојните политички циклуси.
Работата ќе се одвива рамо до рамо со градоначалникот, пратениците, членовите, активистите, поддржувачите", објавија од ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Исков најави дека веќе се финализира и персоналниот состав на новиот општински комитет.
"Искуството на Исков како досегашен координатор и долгогодишен учесник во партиските структури и досегашните изборни циклуси се гаранција за силна мобилизација на терен и продолжување на сојузништвото со граѓаните на Битола", објави партијата по средбата. 
Заменик министерот за економија Марјан Ристески денеска беше во посета на Битола на Агенцијата за вработување, со што го заврши двонеделниот инфо-караван за промовирање на мерката за самовработување. Ристески оствари средба со раководителката на Агенцијата за вработување Јешим Сејфуловска.
-Жителите на Битола покажаа голем интерес за оваа мерка и заклучно вчерашниот ден пристигнаа 180 апликации, објави Ристески. На средбата присуствуваа и претседателот на Советот Бојан Бојкоски и директорот на ЕСМ Молика Горан Исков. 
– Денес е последниот ден на аплицирањето за јавните повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант и интересот е голем во целата држава и центрите за вработување беа преполни со заинтересирани граѓани. Сакам да им се заблагодарам на вработените кои овие две недели со нивната професионалност и посветеност на работата беа на ниво на задачата, успешно се справија со сите предизвици и излегоа во пресрет на сите граѓани – кажа заменик-министерот Ристески.
Тој потенцираше дека интересот е многу висок за трите јавни повици и дека пред почетокот на последниот ден од аплицирањето на државно ниво надмината е бројката од 5.000 лица.
– По историски големиот интерес минатата година, како и пристигнатите над 5.000 апликации досега, се потврдува исправноста на нашата одлука за зголемување на обемот на средствата од Оперативниот план за оваа мерка и проширување на опфатот за дополнителни 300 лица. Исклучително сум задоволем од бројот на апликации, кои само потврдуваат дека нашите граѓани сакаат да работат, сакаат да имаат сопствен бизнис и имаат одлични и иновативни идеи – додаде Ристески.
Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.