Согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Битола за 2022 година донесена со Одлука на Совет на Општина Битола, изготвен е јавен повик за надоместок на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општината за купување на велосипед.
Барањата за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците заедно со комплетната потребна документација ќе се доставуваат на шалтерите на општината секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот почнувајќи од 26.04.2022 година до 05.05.2022 година при што едно лице може да достави едно барање.
Право на учество на јавниот повик имаат жителите на општина Битола кои ќе купат велосипед во периодот од денот на објавување на јавниот повик (26.04.2022 година) во дневен весник до крајниот рок за аплицирање (05.05.2022 година) и ќе поднесат Барање за искористување на правото за надоместок на образец кој може да се подигне на шалтери во општината или да се преземе од општинската веб страна.
Бројот на добитници - лица кои ќе добијат средства е ограничен до висина на предвидениот износ на Буџетот на Општина Битола, а распределбата на средствата ќе се врши по принципот „ прв дојден прв услужен “.