АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се зголемува буџетот во културата за да се задоволат нечии потреби и да се пратикува партиско финансирање на одредени проекти, обвини вчера од советничката говорница советникот на СДСМ Методија Илиевски. Според Илиевски од буџетот 350.000 денари ќе бидат наменети за проектот „Битолино“ на Васко Мавровски, кој водно е клучен партиски човек во делот на културата во ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Забележувам неколку измени во Програмата за култура, кои очигледно произлегуваат од партиските потреби и партиските притисоци. Културата е симбол на нашиот град со многу културни настани во текот на целата година од секкаов карактер. Очигледно дека даваме солиден број на средства, но ми пречи многу тоа што гледам јасни партиски финансирања на одредени проекти. Можам да го споменам и „Битолино“ кое го немаше тука, знаеме на кој е, вашиот партиски шеф во делот на културата. „Битолино“ е на господинот Мавровски. Мислам дека иритираме со ваквиот начин, бидејќи зголемуваме буџет само за да задоволиме нечии потреби. Не дека тоа е неговиот лош проект, но дајте да ги задоволуваме и останатите, немојте така агресивно да делуваме бидејќи ја иритираме јавноста, рече советникот Илиевски вчера на седница на Совет каде се дебатираше и гласаше за ребаланс на буџетот.