2win800x200

Реалистично дело на Сандра Туфеска кое наликува на фотографија

Мај 09, 2022
Реалистично дело на Сандра Туфеска кое наликува на фотографија Реалистично дело на Сандра Туфеска кое наликува на фотографија

Сандра Туфеска е 21 годишна девојка од Демир Хисар која ги користи своите вештини за да создава дела кои се реалистични и наликуваат на фотографии. Повеќе е самоука уметница која е љубител на уметничките правци реализам, фотореализам и хиперреализам. Во оваа прилика ви претставуваме уметничко дело на Сандра, изработено со акрилни бои на платно,  кое е нацртано според дело на еден фотореалистичен уметник. 

 

На Сандра инспирација и се уметниците кои се занимаваат и творат во овие уметнички правци. Исто така инспирација добива од секојдневниот живот, луѓето и природата. Таа сеуште се усовршува во овие правци, и се надева дека ќе се усовршува се повеќе со секоја нацртана нова слика. Вели дека за да се создаде една реалистична слика потребно е време, труд и трпение.

Најомилени уметници и се Леонардо Да Винчи , Салвадор Дали и Ван Гог. Таа објаснува дека фотореализмот е уметност што опфаќа сликарство, цртеж

-Уметникот ја проучува детално фотографијата, целта е завршената уметника работа да изгледа фотографска. Сликата ја пренесувам со користење на техника-мрежа и многу други методи, вели Сандра

Посочува дека уметноста е многу неопходна во човечкиот живот, од нејзина гледна точка креативноста се употребува во секојдневниот живот и е алатка која му помага на човекот во секојдневната работа.

 

 

сандра2

Сандра Туфеска 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани