2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Граѓаните да внимаваат и на измамите на интернет, предупредува Полицијата

Октомври 12, 2022

Денеска претставници од Секторот за внатрешни работи Битола - Отсекот за компјутерски криминал, инспектори од општ и економски криминал заедно со Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај одржаа средба со дел од бизнис заедницата од подрачјето на Битола.

На средбата беше разговарано за зачестената појава на различни видови измами и како да се заштитат од нив. На присутните им беше укажано дека непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка, злоупотреба на платежните картички и други измами.

Со цел да се избегнат такви сценарија, СВР Битола ги предупреди присутните на средбата и останатите граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами при купување на движен и недвижен имот и сите останати измами . Исто така, беше даден совет да бидат претпазливи кон сите понуди што ветуваат нереално високи приходи за многу краток временски период – ова е првиот и најочигледен знак дека станува збор за измамнички намери.

Додека, за време на комуникацијата не треба да се даваат лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции.

СВР Битола ќе продолжи со превентивните активности за спречување на измамите, но и со преземање мерки за откривање и расчистување на извршените измами. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани