Секцијата на жени и Комисијата за културно-забавен живот при Здружението на пензионери од Битола расправаа за активностите и програмата што треба да се организираат во следната година.
Претседателката на Здружението на пензионери Деница Петличкова која присуствуваше на состанокот во своето излагање истакна дека и натаму најпрво треба да се води грижа за здравјето и стандардот на пензинерите, но и да се организираат манифестации кои ќе овозможат нивни креативни активности, со кои ќе се продонесе пензионерскиот живот и пензионерите да не се чувствуваат понастрана од сите останати активности што се организираат во државата.
Се разговараше пензионерите и следната година со средства од Здружението да организираат повеќе патувања за посета на знаменитостите и убавините на Македонија, но и доколку има заинтересирани, дел со сопствени средства, да се посетат и некои соседни земји за да присуствуваат на нивни културно забавни манифестации.
По повод престојните новогодишни и Божиќни празници на 22 декември годинава ќе се одржи забава на заинтересирани пезнионери. Дел од трошоците за неа ќе ги подмири Здружението на пензионери кое е и во наредната година во соработка со волонтерите на Црвениот крст ќе продолжат да ја спроведуваат акцијата за посета и хуманитарни активности за помош на пензионерки од руралните средини.
Предлог програмата што ќе биде подготвена за активностите во следната година ќе биде разгледана и од страна на другите органи на Здружението на пензионери од Битола и ќе биде дополнета, а потоа и прифатена за спроведување.