2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Жртвите на фашизмот“ да се вика улицата каде е бугарскиот клуб во Битола ( писмо од читателот Марко Атанасовски)

Март 22, 2023

Писмо од читател:

 

 

Битола, иако денеска не е во својата најдобра форма, е со право еден од најгордите градови во Македонија. Од Битола почнале или се случиле многу важни културни и политички настани од големо значење  за Македонија и Балканот. Браќата Манаки се доселиле од Аведла и тука, за првпат на Балканот, започнале со снимање на кратки филмови, со технологија која во своето време била револуционерна. На територијата на Битолскиот вилает се одвиваат некои од најзначајните настани пред и за време на Илинденското востание. Врпочем, самото востание, прв вистински политички зачеток на македонската државност, се одвива на „битолска територија“, во административно-политичка смисла. На почетокот на 20 век, Битола е „најбалканскиот град“,  космополитски град чии жители зборуваат барем 10 различни јазици и припаѓаат на неколку различни религии. Во Битола се школува и политички обликува Кемал Ататурк, чии дела и гледишта подоцна ќе имаат големо влијание врз текот на Првата светска војна, и секако врз основањето на современата турска држава. Битола е горда што била домаќин на Битолскиот конгрес кој ја кодификувал албанската азбука. А битолската Гимназија е првото средно училиште во историјата во кое започнала да се изведува настава на македонски јазик. Битола има 5 народни херои, и бројни други одликувани партизани кои го дале својот живот во најблагородната борба во 20-тиот век – антифашистичката. Антифашстичката борба е најважната сплотувачка оска за сите луѓе во Македонија, кога заеднички на вистинската страна на историјата водени од идејата за слободен и еднаков свет. Денес за жал, сведоци сме на враќање на фашизмот низ Европа и Балканот, и тоа на голема врата. Политчките елити на Европа се немоќни, или можеби поточно – неволни, за каква било конкретна реакција која би се спортивставила на враќањето на најмрачните идеи кои некогаш се изродиле во човечкиот ум. Оттаму, не изненадува млитавата реакција на провокациите од страна на Бугарија и мал број македонски неофашисти спакувани во форма на „културен“ клуб. Секаков епитет би можел поблиску да опише еден клуб наречен по Иван Михајлов, само не - „културен“. Ова писание има за цел да покрене една иницијатива, или во најмала рака дебата за истата.

Битола била и мора да остане колевка на слободарските идеи и антифашизмот. Оттука, предлагам еден прв чекор, но апсолутно не и последен, како почетна симболична реакција на будењето на мрачните сили на минатото. Општината (Советот)  да иницираат и изгласаат промена на името на делот од улицата „Рузвелтова“, од раскрсницата со “Добривое Радославлевиќ“ до „Широк Сокак“, во - улица на „Жртвите на фашизмот “ или „Жртвите на Холокаустот “. Ова не треба да биде мотивирано исклучиво поради присуството на еден нео-фашистички клуб на истата улица, туку и како соодветен помен на над 3500 наши сограѓани, невини деца, жени и мажи, кои биле сите до еден убиени во нацистичките логори на смртта. Во нашиот град недоволно им се оддава помен на овие Битолчани, и недоволно се зборува во јавноста за ужасите кои ги приредија фашистите и нациститие во нашата држава. Можеби недоволното присуство на поменот за овие ужаси е поводот што воопшто е можно во 2022 година во центарот на градот, во некогашно Еврејско маало, да се отвори нео-фашистички клуб.

Преименувањето на улицата би бил еден мал симболичен гест, кој мора да биде само почеток на организирано спротивставување на новиот фашизам. Судејќи според реакците на јавноста, без разлика на политичката или етничка определба, како за ретко која работа во Македонија постои широк консензус по прашањето на значењето на антифашистичката борба и улогата на новоотвроениот „клуб“ во сквернавењто на тие идеали. Затоа верувам дека во Советот на Општина Битола не ќе биде тешко една ваква иницијатива да помине, а Македонија и Битола би добиле уште едно место на сеќавање за периодот кој ако го заборавиме - ќе ни се повтори.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани