2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

(Фото+ видео) Влезната порта на Еврејските гробишта во Битола осветлена со знамето на Израел

Октомври 14, 2023

Влезната порта на Еврејските гробишта во Битола со светлосни ефекти вечерва е осветлена со боите и Давидовата ѕвезда од знамето на Израел како морална поддршка од битолчани, градот каде порано живееја над 3000 Евреи, за жителите на Израел во овие тешки мигови од израелско-палестинскиот конфликт.

„По примерот на многу познати знаменитости од европски и светски метрополи ги осветливме ова споменично обележје со знамето на Израел како симболичен гест за морална поддршка на граѓаните на Израел. Ние како битолчани ја имаме таа морална обврска со оглед на фактот дека голем број од денешните жители на Израел се потомци на битолски Евреи. Сакаме да покажеме дека жителите на Битола се со граѓаните на Израел во овие тешки моменти“, рече Пеце Николовски редовен професор на Битолскиот универзитет кој ја организираше оваа акција во координација со паранешниот амбасадор на Израел во Македонија, Дан Оријан, битолчанката во Израел Шели Леви Друмар и Еврејската заедница во Македонија.

„Сочуство за невините жртви и од израелскиот и од палестинскиот народ, да се надеваме дека војната ќе заврши и да не се оствари онаа Черчилова девиза ‘Ако ѝ довзолиме на сегашноста да му се свети на минатото, во тој случај ќе ја изгубиме иднината’ “, рече Николовски.

387542081 1088084312603802 4317134719321940004 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани