АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За обезбедување поквалитетна настава и услови за континуиран напредок на учениците, обезбедени се три интерактивни табли за училниците во ОУ „Коле Канински“-Битола. Интерактивните табли, со добра поддршка на компјутер, интернет конекција и софтвер ќе допринесат за унапредување на наставните содржини. Со ваквата ангажираност се задржува вниманието на сите ученици на конкретната наставна содржина, а се зголемува и нивната мотивираност за работа, велат од ОУ „Коле Канински“.
„Во соработка со локалната самоуправа и Министерството за образование, ние ја имавме таа чест и придобивка, да ги имаме тие интерактивни табли, кои ќе помагаат во воспитно – образовниот процес, посебно во тие дигитални содржини, каде што можат наставниците на современ начин да ги користат и да го реализираат наставниот и воспитно – образовниот процес. Во ова училиште имаме три интерактивни табли во соработка со Министерството за образование. Покрај тоа, имаме и друга соработка, имплементација на еден проект кој го реализиравме заедно со Мировниот корпус и локалната самоуправа, со што имавме можност уште една училница да опремиме со дигитални средства, односно ресурси кои ќе помагаат за наставата, посебно за децата со потешкотии во воспитно – образовниот процес“,вели Лидија Недановска, директор на ОУ Коле Канински – Битола.