АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Филип Димовски (13) од Битола за една година успеа да освие три трети места за учество на дури четири меѓународни натпревари по џудо, а се закити и со медал за освоено прво место на Државното првенство по џудо организирано за основите училишта во државата.
На 7 октомври Филип освои трето место на меѓународниот турнир по џудо што се одржа во Прилеп. Филип е ученик во осмо одделение во ОУ „Трифун Пановски “ во Битола, а џудо тренира од пет години во џудо клубот „Пелистер“ кај еден од најдобрите мајстори по џудо, Ѓуро Илич. Неговите родители велат дека само по една година од тернирањето на џудо Филип започнал и со натпреварите.
-Во неделата на 7 октомври Филип освои трето место на меѓународниот турнир по џудо што се одржа во Прилеп. Кога беше мал Филип посака да тренира џудо и се покажа дека има голем талент за боречки вештини. Џудото стана негова пасија. Тој исто така е талентиран и за фудбал каде постигнува забележителни резултати, тренира во фудбалката школа „Пелистер“- генерација 2005 , а игра и за фудбалскиот тим на неговото училиште. Упорноста и талентот на Филип високо се оценуваат, велат неговите родители.