2win800x200

Атанасовски- Ние сме против коморски систем на организирање на пазарите

Јануари 22, 2019

Од ЈП „Пазари“ Битола се категорични дека како организатори на пазарите се против коморски систем на организирање на пазарите .

-Групацијата за зелени пазари е за укинување или одлагање на примената на Законот за трговија на зелени пазари поради ризик од опстанување на пазарите. Групацијата на пазари е против коморски систем на организирање на пазарите.

Градскиот и  Реонскиот  пазар во Битола  располагаат со 702 тезги,  така што во 2018 година се направени договори со 562 тезги, слободни се 140 тезги и од година во година има тенденција на намалување на закуп на тезги на зелените пазари.

Со законот што требаше да стартува на сила услови исполнуваа само 243 закупци од кои  174 земјоделци и 69 невработени. Тоа значи дека ако се примени законот прашање е колку од нив ќе закупат тезги, изјави Владо Атанасовски, директор на ЈП „Пазари“-Битола.

Атанасовски вели дека за овој закон доколку се одложи  треба да се седне на заедничка маса со сите засегнати страни, организаторите на пазари, тезгаџиите, претставници на Министерството за економија и пратениците како предлагачи на законот. По што да се донесе законот во интерес на сите засегнати страни и опстанок на зелените пазари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани