2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Драган Тевдовски, министер за финансии: Битола за две години ќе добие прочистителна станица

Февруари 24, 2019

Проектот за изградба на прочистителна станица во Битола, ќе започне годинава, а градежните работи ќе завршат до 2021 година. Средствата се обезбедени преку фондовите на ЕУ, рече министерот за финансии Драган Тевдовски, на денешната трибина   „Фер општество, шанса за сите“ што се оджа во Битола. 

-До крајот на годината ќе започне изградбата на прочистителна станица за отпадни води во Битола, проект од 28 милиони евра, а ЕУ преку ИПА  програмата ќе додели  грант од 21 милиони евра. Пректот е координиран преку Министерството за финансии, а прочистителната станица ќе опслужува 113 илјади граѓани. Исто така, има и други фази во овој проект, односно во Битола ќе се изгради нова канализациона мрежа од 9 километри, а ќе се реконструира канализациона мрежа од 13 километри, со што ќе се обезбедат многу подобри услуги. Овој проект ќе заврши во 2021 година, рече Тевдовски.

Исто така, преку проектот за подобрување на општинските услуги, кој се работи преку Министерство за финансии, а е поддржан од ЕУ и Светска банка, се градат локални улици во Битола, рече министерот за финансиии.

-Во населбата во поранешната Касарна  се градат 17 улици, и тоа во АРМ1 11 улици, а уште 6 во АРМ2. Дел од улиците се завршени, а настојуваме во првата половина од годината да завршат и другите улици. Исто така,  со пари од ЕУ наредниот месец ќе биде завршен водоводот, нов резервоар за вода и изградба на улица во битолското  село Лавци, рече Тевдовски на трибината во Битола, во делот од неговото обраќање за инфраструктурните проекти, во кои  Владата финансиски ја поддржува Општината.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани