Навалица од ученици за упис во Горната гимназија

Јуни 17, 2019

Уште првиот ден од првиот уписен рок во гимназијата „Јосип Броз Тито“ учениците кои се пријавија за упис ја исполнија квотата со распишани слободни места за прва година.

Во оваа Гимназија, која со години важи за елитна, денес се пријавија 207 ученици, а според конкурсот објавени се 204 слободни места. Од „Јосип Броз Тито“ за Апла.мк потврдуваат дека и оваа година интересот за упис е голем, а најмногу пријавени ученици има за природно-математичкиот смер , комбинација Б.

 

Инаку годинава се запишуваат ученици на три смерови и тоа природно-математички А и Б, јазично-уметнички А и Б и општествено –хуманистички А и Б.

Од училиштето велат дека во вторник продолжува уписот. Резултати за примените ученици и конечни ранг листи ќе бидат објавени во среда.

За разлика од други училишта во земјава каде бројот на ученици се осипува, тука интересот за упис со години е голем. Училиштето по постигнати резултати и знаења се рангира меѓу првите во земјава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани