АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Преда Плус Фондацијата со уште три успешни приказни од три извонредни жени на третите по ред Womenpreneurs Stories во Битола. Во опуштена атмосфера и инспирација за поддршка и поттикнување на поголемо учество на жените во светот на бизнисот пред присутните зборуваа: Влора Адеми од Гостивар- основач на стартапот Дигикјуб познат во ИТ секторот, битолчанките Марина Цигарда - регионален менаџер за продажба на комапнијата АВОН и Јованка Ристевска сопственик на атељеза рачна изработка на накит.
На средбата беше кажано дека жените постигнуваат чудесни нешта кога се поддржуваат. Женското менторство е моќна алатка особено за поттик и развивање на млади жени претприемачи. Кога жени со поголемо искуство на "одиграни натпревари" им понудат поддршка на младите жени на старт на нивната кариера или при деловни пресвртници, ги охрабруваат и тие тоа да го направат еден ден за други нови жени кои влегуваат во водите на бизнисот. И така позитивните ефекти на менторството за шират.
Беше наментнато прашањето дали жените се подготвени за искрена и добронамерна помош една кон друга и дали се меѓусебно солидарни? Одговорот беше „да“, ако жените поседуваат интелектуални капацитети, ако поседуваат личен изграден став за правичност, и имаат состојба на свест во која знаат дека заедно се посилни. Тоа е и целта на серијата средби Womenpreneurs Stories кои се организираат со цел да покажат дека успехот е можен и покрај многу неуспеси и попатни пречки.
„Ова се средби на кои успешните жени во бизнисот, со несебичен пристап кон успехот на другиот доаѓаат на нашиот ивент да Ве инспирираат. Заеднички ја пишуваме приказната дека "И од Битола се можи". Овие средби се местото каде што се инспирираат жените на успех. Преда Плус Фондацијата продолжува да го поддржува значењето на активната улога на жените во заедницата, нивното поврзување и заеднички ангажман. Ние иницираме соработка со сите општествени чинители и со компании кои го препознаваат овој потенцијал, со што се прават позитивни промени кои водат до економско јакнење на жените, поттикнување на лидерството во сите области и создавање на општество на еднакви можности„, истакнаа организаторите на средбата.
Настанот беше организиран во склоп на Employouth акцелераторската програма за стартапи, финасиски поддржано од Европскара Унија преку Interreg програмата за прекугранична соработка со Грција во реализација на Преда Плус Фондацијата.