2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Пари од Министерството за култура за капитални инвестиции во Битола

Јули 30, 2019

Општина Битола добива средства од Министерството за култура за внатрешно уредување на киното Манаки.

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска оствари работна средба со градоначалниците на општините Липково, Боговиње, Врапчиште, Битола, Крушево и на Градот Скопје на која се разговараше за одобрените средства за капитални дотации во областа на културата во 2019 година. По средбата, министерот за култура и шесте градоначалници потпишаа Договор за реализација на Програмата за користење на средствата за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа во областа на културата за оваа година.

 

Заеднички став на министерот за култура и на градоначалниците е дека реализацијата на проектите во сите шест единици на локалната самоуправа во голема мера ќе влијае врз развојот и унапредувањето на културното живеење во овие општини поединечно, но истовремено ќе биде и нов импулс во унапредувањето на културната понуда на територијата на нашата држава воопшто. 

Од овие средства, за Општина Битола се издвоени 8.637.697 денари, наменети за ентериерно уредување на објектот „Кино Манаки“ – Битола.1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани