2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

БИТОЛА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАД НА УНЕСКО, ПРЕДЛОЖИ ЕНОЛОГОТ ДУШАН СТРУГАР ОД СЛОВЕНИЈА НА СИМПОЗИУМОТ ВО БИТОЛА

Октомври 03, 2019

Битола да се кандидира за град на УНЕСКО, предложи Душан Стругар, етнолог конзерватор од Словенија, воедно и претседател на Организацискиот одбор на осмиот симпозиум на етнолози конзерватори од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија што се одржува во Битола.

 „Битола е фантастичен град и сите сме зачудени и изненадени што сѐ уште нема екипа и дека уште не подготвувате стручна подлога за кандидатира во УНЕСКО. Што поскоро ја молам политиката и експертите да се здружат. Имате многу квалитет и локалитети. Сите можеме да помогнеме и Словенија и Хрватска, направете ја подлогата и кандидирајте се“, порача Стругар.

 

Конференции и симпозиуми на конзерватори на тема заштита на културното наследство десетина години не се одржале во Битола, а и пошироко во државава.

 

 „Годинава ја имаме честа да се организира на во Битола, градот богат со културно наследство, евидентирано, регистрирано, но и малку запоставено. Кога станува збор за традицоналната архитектура во градот, можам да кажам дека во изминатите 34 години колку што имам јас стаж во Завод и музеј скоро ниеден објект во градот не е реставриран, нити конзервиран. Очекуваме во идните години Министерството за култура и јавноста да имаат повеќе разбирање и повисока свест за заштитата на традиционаанта куќа во градот , на старата битолска куќа, односно балканската куќа од ориентален тип. Куќата што ја наследивме од Османлиите“, рече етнологот конзерватор Викторија Момева-Алтипармаковска од Битола, член на Организацискиот одбор.

конзер 3

Ацо Костов, директор на Управата за заштита на културното наследство, рече дека како установа можат да помогнат со олеснување на административно-правните пречки.

„Да ги отвориме повеќе тие комуникациски канали кои се затворени и на некој начин институциите од заштитата на културното наследство да бидат примарни зашто се на лице место и тие се директни учесници, проектанти и надзор на проектите. Ние сме подалеку и сме Управа која се занимава со законот и како да се спроведе“, рече Костов.

-Факт е, дека, колку и да сакаме да зачуваме одредени објекти, елементи од традиционалната култура и/или традиционални вештини и умеења, доколку не успееме да ја најдеме нивната вистинска употребна вредност, тие ќе останат само празни форми, без сопствен живот, без сопствено битисување. Она што е наша обврска е како тие знаења, вештини, елементи, да ги зачуваме и пренесеме како завет на идните генерации кои врз нив ќе надградуваат сопствени белези“, рече директоката Мери Стојанова на отворањето на Симпозиумот. конзер 5

конзер 4

(Присутните експерти на Симпозиумот ги поздрави и градоначалниката Наташа Петровска) 

На симпозиумот учествуваат 30 предавачи, а од трудовите ќе се изработи и зборник. Темите се однесуваат на проблематики со финансирање, кадар, закони, методи на заштита, технологии.

„Дека културното богатството е некако занемарено на овие наши простори во споредба со Западна Европа знаеме, затоа одредивме на овој симпозиум да биде еден од стручните целини европското финансирање, односно финансирање за обнова на наследството посебно на големите објекти како дворци, цркви од европски фондови“, рече Ана Млинар, етнолог конзерватор од Хрватска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани