2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Новата когенеративна гасна електрана на АД ЕСМ ,,КОГЕЛ” со значаен удел во електро-енергетскиот систем

Февруари 14, 2020

Од почетокот на грејната сезона, заклучно со 31 јануари 2020г., новиот енергетски капацитет,когенеративната гасна електрана КОГЕЛ има произведено 14. 000 MWh електрична енергија и 2.622 MWh топлинска енергија.

Од пуштањето во употреба во октомври 2019г до денес, производството во КОГЕЛ се одвива  според предвидениот план и во согласност со енергетскиот биланс. Значењето на КОГЕЛ како енергетска постројка особено дојде до израз во јануари годинава, кога во услови на континуирани ниски надворешни температури покажа одлични перформанси и стабилност во производството на електрична и на топлинска енергија, со оглед на тоа што гасните мотори во КОГЕЛ овозможуваат брзо вклучување во работа и брза синхронизација, што е од исклучителна важност за стабилноста на електроенергетскиот систем. 

Инаку, преку овој производствен капацитет кој е инкорпориран во подружницата„Енергетика“ со парно греење се снабдуваат околу 3.500 домаќинства, 17 основни и средни училишта и градинки, како и повеќе од  75 правни субјекти од населбите Автокоманда, Железара, Триангла,  Маџари и Хиподром.  Во подружницата постојано се работи на зголемување на базата на корисници на топлинска енергија, а во иднина се очекува поврзување со новоизградените објекти во населбите Хиподром,  Бутел и Чаир.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани