2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

2 милиони денари за Интерфест, милион за АКТО, поддржан и проектот на Балкан Синема Ситис

Февруари 15, 2020

Два милиони денари ќе издвои Министерството за култура годинава за поддршка на Интернационалниот фестивал „Интерфест“ од Битола, а еден милион денари за АКТО фестивалот. Министерството ги објави резултатите од Годинешниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес за здруженија и физички лица.

 

Финансиска поддршка ќе добие и „Балкан Синема Ситис “ за проектот „Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм“ од 150 000 денари. Тоа е интернационален филмски фонд кој во 2015 година своја промоција пред новинарите имаше во кабинетот на екс градоначалникот Владимир Талески.

Во драмската дејност 550 000 денари ќе добие претставата „Хроника на најавената смрт“ во режија на Мартин Кочовски, 200 000 денари за монодрамата „Исемана “ на Катерина Момева и 150 000 денари за 10-от Интернационален детски театарски фестивал „Битолино“ од Битола.

Од Здруженијата Сојуз на борци за „75 години од ослободувањето на Македонија“, изложба на фотогрфии добива 20 000 ден, колонија „Де Ниро“ 130 000 денари, ДЛУБ за годишната изложба 50 000 ден, Монмартр за 38-ма Меѓународна ликовна изложба и Светски ликовен конкурс 150 000 денари.  Исто толку пари ќе бидат издвоени и за десткиот фестивал „Си-до“.

Од областа на литературата и издавачката дејност здружението „Нова“ е поддржано за три проекти со по 55 000 денари или вкупно 165 000 денари за проектите „Поетски паралели“, „Танцувај, MODESTY, танцувај“, и „Мирисот на парите“. 

КУД „Стив Наумов“   за гостување на фестивал во Паралија, Грција добива 120 000 денари и уште 100 000 денари за активности на ансаблот. Од областа на фолклорот Комуната на Власите Арманите „Браќа Манаки“ 30 000, Здужение за фолклор ансамбл „Битола“ 80 000, КУД Илинден 80 000, Ансамбл за фолклор „Стив Наумов“ 30 000, Ансамбл „Гоце Делчев“ 30 000, „Плетенка“. 30 000.

Финансирани ќе бидат и повеќе проекти на здруженијата „22 Нентори“ и „Конгресот на албанската музика“. Така за проектот „Битола град на албанска писменост“ на „22 Нентори“ 100 000, за „Културна историја на албанската елита во Романија “ 100 000 денари, за друг проект исто така 100 000 денари. Здружение „Конгресот на азбуката“ -Битола за едукација на деца со посебни потреби 100 000 дена и уште 300 000 денари за друг проект. За здружение „Естрада“ за Фестивалот „Галас на албанска азбука“ 250 000 денари.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани