АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на средба со прилепските стопанственици го отвори прашањето за идејното решение за автопатското решение на делницата Битола-Прилеп-Велес, тема која што, како што рече , денеска за прв пат се отвора.
-Се работи за проект вреден над 600 милиони евра.
Имајќи во предвид дека источниот дел од државата автопатски е решен, западниот дел се решава со изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој ќе се прошири со делот Кичево-Гостивар, останува да се реши централниот дел, кој не е важен само за Прилеп, туку и за Скопје, Велес, Битола, Ресен и за Охрид. Мене како струмичанец, ми требаат 3.5 часови да стигнам до Охрид, а со ваквото решение времето ќе се намали на помалку од 2 часа. Односно за мене, зборувам како струмичанец, поблиску ми е да стигнам до Егејското море, до Солун за час и половина, или за 4.5 часови до Црното море. Ги кажувам овие споредби за да знаат граѓаните колку се важни ваквите магистрали, коишто мора да ги направиме. Државата е со сериозен финансиски капацитет, веруваме дека со изградба на инфраструктурата создаваме дополнителна мотивација за поголема компетитивност, за поголеми вложувања на компаниите. Членството во НАТО и очекувањето на датумот за преговори со ЕУ, ги донесоа првите економски бенефити во државата. Во 2019 година имавме раст на севкупните приходи во државниот буџет за преку 7% и овие проценти растат, благодарение на исплаќањето на сите давачки кон државата, на исплата на платите, со што пак растат придонесите во фондовите за пензиско и здравствено осигурување. Тоа значи дека имаме нормална земја и во очекување на средствата од ЕУ за помош на нашата економија, можеме да ги забрзаме сите наши економски активности и постигнување на крајната цел – повисок стандард на нашите граѓани“, потенцираше претседателот на СДСМ Зоран Заев, за време на посетата на Регионалната канцеларија на Стопанската комора за Прилеп.