2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ВИКЕНДОТ ПЕЛИСТЕР ПОЛН ТУРИСТИ ОД ДРУГИ ГРАДОВИ

Јуни 08, 2020

Карантинскиот викенд во дел од општините во земјава, вчера го наполни Пелистер со туристи од други градови. Националниот парк со месеци не памети толкава посетеност со туристи од земјава.  Видно беше присуството на семејства и друштва од Скопје, на паркинзите имаше возила со скопски таблички, па дури и комбиња кои превезуваа туристи од други градови. 

Низ планинарските патеки, покрај шетачи со спортска опрема, можеа да се сретнат и гости по фармерки и чевли. Некои коментираа дека очекувале на Пелистер да се искачат со жичница и да пијат кафе на Копанки. Но, жичницата не работи преку лето на Пелистер, а на Копанки нема кафе откако изгоре планинарскиот дом пред седум години. Посетителите можеа да се освежат само во хотел „Молика“ кој од 28 мај за гости ја отвори летната тераса со задолжително почитување на протоколот за работа во услови на пандемија со КОВИД-19.

Во Битола на чија територија спаѓа и Пелистер, полицискиот час деновиве почнуваше од 16 часот и траеше со пет часот наутро. Тоа што градот не беше затворен 24 часа, привлече многу битолчани кои живеат во Скопје и градови каде имаше карантин, како и други гости викендов да го минат во Битола. Полни беа и вилите во подплеистерските села. Туристи од Скопје имаше во Преспа, каде досега  не е регистриран ни еден заболен од КОВИД-19. На мапата на домашните гости беа Брајчино, Дупени, како  пешачката патекла од Претор до  Крани.     turisti pelister 2

пелистер туристи

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани