АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Билјана Гошаревска, сопруга на ресенскиот градоначалник, денес од сопствени средства донираше перници и постелнина за Ковид-одделот во Клиничката болница во Битола, каде се лекуваат и ресенски пациенти.
,,Ова беше лично моја желба, добив идеја да помогнам самоиницијативно. Донирав 30 комплети на перници, навлаки и постелнини. Донацијата е во знак на голема благодарност кон Клиничката болница од Битола, менаџерскиот тим со кој имаме одлична комуникација. На Инфективното одделение во Битола голем дел се наши пациенти бидејќи нашата општина ја зафати поголем бран на болни, па сакав да помогнам и донацијата е набавена со мои средства", изјави за Апла.мк Билјана Гошаревска.