„Новаци стана поубаво место за живеење“- отчет на градоначалникот Кузманоски за трите години од мандатот

Декември 24, 2020

„Изминатиот период докажавме дека може да се работи поинаку. Нашите политики по сите основи и во сите области се разликуваат од претходните. Општина Новаци стана отворена, транспаретна општина во служба на граѓаните. Финансиски стабилна, развојно ориентирана и економски просперитетна“, рече градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски на неговиот денешен прес по повод отчетност на работењето во првите три години од неговиот мандат.

И покрај предизвиците што ги донесе оваа пандемија, Кузманоски рече дека успеале целосно да ги реализираат планираните прокети за 2020 година. За изминатите три години од неговиот мандат наброи голем број на завршени прокети. Рече дека работеле на подобрување на патната инфраструктура, во изминатиот период со финансиска поддршка на Владата и ЈП за државни патишта и Бирото за рамномерен регионален развој и сопствен буџет реконструирани се и изградени нови регионални и локални патишта во должина од 34 километри, локални улици од 7,5 километри, полски патишата од 20 километри.

„Подобрена е канализационата и водоводната инфраструктура и влијаеме на заштита на животната средина со изградба на секундарна канализациона мрежа со 10 нови краци во Нооваци, со изградба на порој во село Гермијан во должина од 1,5 километар. Изградивме два и пол километри атмосферска канализација во повеќе населени места. Реконтруиран е доволниот цевковод од петте чешми во четири населени места во Мариовскиот крај во должина од 13 километри“, потенчираше Кузманоски.

Во најскоро време ќе биде отворена новата детска градинка „Бамби“ која е опремена со најдобро услови и ќе биде со капацитет од 50 деца. Извршена е реконструкција на две подрачни училишта во Бач и Горно Агларци. Во Долно Агларци изградено е мултифункционално играиште. Нови санитарни јазли се изградени во малата училишна сала во Новаци. Обезбедени се и 25 инвертер клими , прочистувачи на воздфух и друга опрема за подрачните училишта во општина Новаци.

Градоначалникот во отчетот рече дека во изминартите три години се инвестираше и во изградба на паркови и нови зелени површини. Изграден е рекреативен парк во Горно и Долно Агларци, а во село Градешница капалиште со партерно уредување на река Градешка. Во Рибарци санирана е фонтаната и партерно уредена. Воедно, модернизирано е јавното улично осветлување со нови 1083 лед светилки и дополнителни 350 со што се доби модерен, ефикасен уличен систем кој носи заштеда. За потребите на земјоделците изградени се и санирани три брани за наводнување. Во соработка со Битолско поле исчистени се 60 километри каналска мрежа.

Заменети се врати и прозорци ан амбуланта во село Маково. Изграден е повеќенаменски објект во Далбеговци и автобуска постојка. Село Бач за првпат доби рурална амбуланта.

„Најголемата инвестиција Општина Новаци во изминатиот период ја направи со набавка на нова опрема и комунална механизација за потребите на ЈП Комунална хигиена и Општина Новаци во вредност од 450 000 евра. Набавени се комбинирана машина ровокопач, камион цистерна, камион кипер со ротацион распрскувач на сол и ризла и плуг за снег, минибус со 30 седишта и комбе со 9 седишта“, додаде Кузманоски.

Реализирани се два прекугранични ИПА проекти со Грција преку кои се обезбедени два трактори, два плуга за снег, два мулчери, тракторска приколка, хидраулична рака за собирање на биомаса, корпа за утовар, балирачка и котел за парно греење со целосна инсталација за потребите на дестаката градинка. Во тек е реконструкција на дел од општинската зграда во Новаци.

„Пред нас се нови предизвици да ја направиме општина Новаци поубаво и посреќно место за живеење“, порача градоначалникот.132566656 1052231591910062 6917285010890954755 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани