Изработен основен проект, систем за вештачки снег на Ски центарот " Нижеполе", објави на својот фб профил директорот на ЈП „Стрежево“ Менде Граматсковски.
Тој напиша: „Јавното претпријатие Стрежево преку јавна набавка обезбеди основен (ревидиран) проект за систем за обезбедување на вештачки снег на скијачката патека на Ски центарот Нижеполе. Со проектот за вештачки снег се дефинира ски патека во должина од 900 - 950m и ширина на појасот од 60 - 65m, со висина на снежна покривка од 30cm. Површината на патеката која ќе се покрие со вештачки снег изнесува 5760m2“. ..
.
Недостигот на снежни врнежи, поради климатските промени, на локациите каде се ски патеките на Пелистер е проблем за време на зимските туристички сезони повеќе од десетина години. Снегот на тие места паѓа се поретко и се пократко се задржува. Неопходно е да се спроведат на дело ваквите проекти за зимската туристичка сезона да трае што подолго на Пелистер, во интерес и на скијачите и на угостителите.