Webp.net gifmaker

Од Здружението на пензионери делеа шишиња со вода на граѓаните кои во жешкото чекаа редици пред банките и на други места

Август 09, 2021

Согледувајќи ја состојбата со високите температури во земјата, Здружението на пензионери од Битола, денес претпладне организира акција за доделкување вода на оние граѓани кои чекаа во редици да завршат одредени задолженија. За таа цел, претседателката ана Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, Даница Петличкова и неколку пензионерки- волонтери, на граѓаните кои чекаа во редици пред банките им доделкуваа шишиња со вода. Ваквата хуманитарна акција на здружението на пензионери ќе продолжи и натаму со цел граѓаните да не се доведат во состојба да почувствуваат тешкотии од големите горештини во нашиот град.    voda b

voda 3

voda4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани