Усвоени мерки и критеруми за хуманитарна помош на пензионери со ниски примања

Август 11, 2021

Извршниот одбор на Здружението на пензионери за општините Битола, Новаци и Могила под претседателство на Даница Петличкова на денешната седница го прифати полугодишниот извештај за првите шест месеци од годинава отценувајќи дека тој е позитивен и во склоп на мерките за економично работење. Поради пандемијата одредени манифестации што беа планирани да се одржат не се одржаа, што не значи дека истите нема да се одржат доколку здравствената состојба на населението во државата биде подобро.

На седницата беа прифатени мерките и критериумите за доделување на хуманитарна помош на пензионери со ниски примања во семејството, за што ќе се добијат податоци со акцијата за изработка на социјална карта што е во тек, а која ја извршуваат пензионери волонтери.

Во врска со градскиот превоз на пензионерите беше речено дека одредени превозни организации ги немаат продолжено договорите за превоз на пензинерите во градот, додека до селата истите договри добро се извршуваат и согласно самите протоколи за тоа.

Извршниот одбор донесе одлука со финансиски средства да даде продонес во опременувањето на просторот за потребите на пензионерите во село Кукуречани, а беше и поднесена инфомација за одржување на регионалните спортски игри на први септември во Прилеп. На седницата на ИО на здружението на пензионери согласно мерките за заштита до ковид-19 беа донесени и други одлуки за успешно функионирање во следниот период на оваа организација.        pen5

pen3

pen2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани