АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се известуваат пензионерите, членови на ЗП Битола, дека акцијата за запишување на ваучери се прекинува , согласно Изборниот Законик, се до целосното завршување на локалните избори.
Сите поднесени документи за добивање на ваучери во меѓувреме ке бидат ревидирани во смисла на исполнување на условите од Правилата за доделување хуманитарна помош на пензионерите, донесени од Извршниот одбор на ЗП Битола, според кои хуманитарна помош можат да добијат пензионерите чија пензија изнесува најмногу 13.000,00 ден. без други додатни приходи во семејтвото, односно пензиите на сопруг и сопруга да не се повисоки од 20.000,00 ден. исто така без додатни приходи во семејството. Овие ваучери во вредност од 1000,00 ден. ќе бидат дадени на пензионерите после целосното завршување на локалните избори.
Во периодот после изборите ќе се овозможи ново запишување на пензинери, за доделување на ваучери доколку ги исполнуваат горе наведените услови, а не се претходно пријавени, стои во соопштението на Здружение на пензионери.