АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Оставка нема да поднесам, имам уште многу да сработам на она што сте го руинирале“, одговори градоначалничката Наташа Петровска на прашањето на опозицијата дали и кога размислува да си поднесе оставка.
Таа возврати и на обвинувањата за наводен реваншизам врз општинската администрација.
-Општинската администрација со која јас работам е сеуште со раководители кои ги имате вие поставено. Потврдено е и сеуште се на тие работни места што покажува дека апсолутно немаме режим каков што сме имале, одговори Петровска на прашањето на опозиционите советниците на денешната седница на Совет.