Откриен несовесниот возач од вчерашниот инцидент со рампата за дезинфекција, соопшти на својот фејсбук профил градоначалничката Наташа Петровска.
„ Благодарност до СВР Битола за успешно завршената истрага. Почитувани, никој не смее да се дрзне да избега од местото на сторен прекршок. Во прашање не е само оштетата, во прашање е загрозувањето на безбедноста на граѓаните“, напиша Петровска.
Вчера несовесен возач ја оштети дезинфекционата рампа на влезот на Битола од страната на Прилеп. Откако веста се рашири низ социјалните медиуми, дел од битолчани наместо да ја осудат постапката , се смееја и мајтапеа на фејсбук. Петровска напиша дека рампата веднаш била санирана, случајот пријавен во СВР и апелираше дека треба да се чуваат работите направени за доброто на сите граѓани.
Ж.З.