АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈКП Водовод Битола апелира до сите корисници да ги припремат своите шахти за да бидат достапни на инкасантската служба да може слободно да ја евидентира состојбата за потрошената вода за пиење.
ЈКП Водовод Битола започнува со редовно читање на состојбите на водомерите за потрошена вода во пролетниот период, со воведувањето на новиот електронски начин.
ЈКП Водовод Битола ги известува своите порошувачи, дека почнувајќи од месец ноември 2019 година при наплата на сметките за потрошена вода АД за поштенски сообраќај - „Македонски пошти“, се наплаќа провизија од 15 денари по сметка, зашто не бевме претходно известени.
За да не би биле непотребно изложени на дополнителни трошоци Ве известуваме дека сметките за потрошена вода може да ги плаќате во наплатниот центар во дирекцијата на ЈКП „Водовод“ Битола на улица „Климент Охридски„ бб, а наскоро и во новиот наплатен центар во зградата на „Работнички Универзитет“ на улица „Рузвелтова“.
Исто така наплатата на сметките за потрошена вода може да се изврши и преку интернет порталот www.vodovdbt.mk , како и преку следните Банки;
- Стопанска банка АД Битола
- Комерцијална Банка
- НЛБ Банка
- Прокредит Банка
- Уни Банка
- Шпархасе Банка
- ТТК Банка
- Централна кооперативна Банка
- Халк Банка
- Силк Роуд Банка
ЈКП„ВОДОВОД“
Платата на вработените во Јавното претпријатие „Водовод“ се зголемува за 5 проценти, а исто така се зголемува и бодот за исплата на плата на сите вработени во ЈП „Нискоградба“ од 13 септември годинава. Ваквите одлуки на јавните претпријатија денес добија и согласност од Советот на Општина Битола.
Имајќи предвид дека изведената градба „Доводен цевковод и нов резервоар за село Лавци“ е ставена во пробна функција, ЈКП. „Водовод“ – Битола како надлежен општински давател на услуга Ве известува за следното:
Доводниот цевковод и нов резервоар за селото Лавци ќе се одржува во пробна функција се додека не се изврши целосно испитување на инсталираната опрема во истиот и хиперхлорирање на мрежата, а потоа треба да се направи официјално и целосно примопредавање на водоснабдителниот систем помеѓу Општина Битола и ЈКП. „Водовод“ – Битола. Во вакви околности, крајните потрошувачи водата можат да ја користат како необработена (техничка вода), се додека не добијат поинакво писмено известување.
Се известуваат граѓаните корисници на вода од ЈКП„ВОДОВОД“ Битола дека сметките и фактурите за потрошена вода можат да ги плаќаат покрај на пошта, благајната на ЈКП„ВОДОВОД“ Битола, интернет порталот за наплата на вода http://vodovodbt.mk и во следните Банки;