Почитувани верници од христијанска вероисповед!
Почитувани сограѓани!

Живееме тешки денови, период во кој животот на луѓето е во сериозна опасност насекаде во светот, па и кај нас.
Годинава, за жал, овој голем и светол празник Великиот ден – Воскресение Христово ќе го дочекаме во поинаква атмосфера, обременети со заканата од КОВИД-19 што налага и промена на нашите навики, однесување и дејствување.

Данокот што коронавирусот го зема во однос на човечките животи и нашето секојдневие беше речиси незамислив пред само еден месец.
Сега е нова ситуација, непозната, и само со заедничка работа, сила и соработка – надминувајќи ги сите граници, партиски и други поделби, и со соработка меѓу приватниот, невладиниот и јавниот сектор – можеме да се надеваме на успешно справување со кризата.

Потребно е да бидеме здружени во жалоста кон починатите, грижата за заболените и очекувањата за што побрзо враќање на нормалниот живот!

Како прв човек на Општина Новаци ме охрабруваат сите примери на човечка хуманост, секојдневните изрази на емпатија насекаде околу нас: на соседот кој им помага на постарите; на итните служби и на здравствените работници кои се грижат за болните; на продавачите; на аптекарите; и на многу други, кои продолжуваат да работат за нашите животи да продолжат колку што е можно понормално во оваа криза. Ова не се лесни промени за никој од нас, но сите ја разбираме потребата за заедничка пожртвуваност, за солидарност, за да ги заштитиме нашите најмили, старите, беспомошните.

Мојот тим и јас ги презедовме сите превентивни мерки за заштитна на граѓаните, а веќе размислуваме за она што ќе следи по оваа ситуација и како да помагаме за работите да се вратат во нормала. Убеден сум дека од ова искуство сите ќе излеземе посилни, нашето партнерство како општина и граѓани ќе биде подлабоко, и заедно ќе градиме нови можности за силна, просперитетна и поубава иднина на нашата општина.

Затоа, токму сега најмногу ни е потребна доверба. А има ли поголема духовна поткрепа и надеж од Христовата победа над смртта, да истраеме и сплотени да излеземе како победници.

Светлината на Велигден нека ни дава сила, благослов за да го сочуваме, негуваме она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно.

Јас и моето семејство Ви пожелуваме среќни празнични денови поминати во семеен мир, на сите вас кои го празнувате овој голем христијански празник.

Нека ни е честит Великиот ден – Воскресението Христово.

Христос Воскресна! -Навистина Воскресна!

Во Општина Новаци и денеска се мијат и дезинфицираат улиците и јавните површини. Екипите на ЈКП Комунална Хигиена - Општина Новаци се на терен. 

-Заедно во подигнување на нивото на јавната хигиена. ЈКП Комунална Хигиена на терен а вие останете дома, порачува градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски.

два аа

еденн

По повод 24  годишнината  од  формирањето на Општина Новаци,  градоначалникот Љубе Кузманоски, со  свое обраќање упати честитка до жителите и но  и благодарноста за соработката. Прославата годинава ќе изостане поради состојбата со светската пандемија и препораките за превентивна заштита од КОВИД 19. Ви го пренесуваме неговото обраќање

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани