2win800x200

Колумните што историчарот Александар Литовски ги пишуваше во периодот од 2015 до 2017 година, како општествно политичка дијагностика на дотогашниот режим, а според рецезентите со својата острина беа како глас во пустината, испечатени се во книгата „Нашето националистичко пијанство“.

Книгата која на 516 страници содржи 106 колумни на авторот Литовски, беше промовирана синоќа во битолската Магаза во присутво на претставници од државната и локалната власт, пратеници, историчари и други општествени дејци од Битола. Тоа се колумни што докторот по историја Литовски ги пишуваше во неделникот „Глобус“ и во весникот „Слободен печат“.

„Макар што грчката атмосфера ја заматува пропагандата, што е злостор спрема нашиот народ и спрема другите народи, денес, сакале ние или не, пред светот се раѓа македонската држава, народна држава, за чие создавање многу јуначки срца престанаа да бијат во градите на своите јунаци, но за нас отчукуваат нови тонови поради што се поставува и задача пред секој чесен човек, на Словеномакедонците да им дадеме права соодветни на грчката стварност“.

Мери Стојанова, етнолог виш кустос е новиот ве-де директор на Завод и музеј Битола. Таа доаѓа на местото на историчарот д-р Александар Литовски кој оваа функција ја извршуваше од август минатата година.

Стојанова која е доктор на науки  досега се истакнала со бројни реализирани проекти и изложби, документарни филмови  од областа на етнологијата, традицијата, занаетите и народното творештво.

Почнуваме да градиме вистински вредности, а не ефемерни работи кои траат неколку дена, а потоа се забораваат. Вака новиот директор на битолскиот Завод и музеј, Александар Литовски, го најави новиот концепт на работа на битолскиот Завод и музеј, установата која е најповикана да го штити културното богатство во Битола. Доказ за неговата заложба на љубителите на културата да им ги врати вистински културни вредности се и новите музејски простори кои синоќа беа промовирани во присуство на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Страница 28 од 28

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани