2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Пред неколку дена во дворот на училиштето „Крсте Петков Мисиров“ во Бистрица се случи незгода предизвикана од временските услови, но и од запуштеноста од страна на надлежните во изминатите години. Имено, покривот на Домот на млади, кој е припоен до училишната зграда се сруши и дел од него падна во училишниот двор. Веднаш беше реагирано од Општина Битола и беше испратена екипа за увид на состојбата и преземање мерки. Во понеделник наутро договорено е средување и обезбедување на остатоците од покривот или делумна санација со цел отстранување на опасноста. Од страна на училиштето, околниот простор беше обезбеден со црвена лента и беа назначени дежурни наставници и технички персонал да го обезбедуваат просторот за време на одморите, изјави Димитар Пипилевски, директор на училиштето „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица.

На обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека урбаните заедници се оставени на забот на времето тој рече дека ваквата реакција во најмала рака го изненадила и зачудила.

„Сите претходни директори реагираа на овој проблем, а беше изработен проект за пренамена во спртска сала, ветено од градоначалникот Талески. Но, веројатно поради немањето на личен интерес не беше никогаш ни саниран. Зарем кога во склоп на училиштето имаше партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ не бевте загрижени дека ќе ве повреди? Зарем ви беше проблем во претходните 12 години да издвоите средства за санација на покривот или да испративте екипа да го обезбеди?  Верувам дека со средствата одвоени за филџанот на кружниот тек, мостот, спомениците, киното лименка и ред други несфатливи вложувања сите училишни објекти ќе беа санирани. Но, наместо тоа успеаја да го уништат образованието комплетно, да ги блокираат сметките, па самата набавка на греди да биде мисија тешка како наоѓањето на светиот грал“, рече Пипилевски.

Тој додаде дека сега дошле луѓе и градоначалник кои се сериозно заинтересирани и ангажирани за надминување на проблемите и поранешниот Дом на млади во Бистрица ќе биде саниран и за брзо време и реновиран.

Се сруши покривот на некогашниот Дом на млади во битолското село Бистрица, објект кој е прилепен до подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ . Дел од гредите и ќерамидите  пропаднале во внатрешноста, најверојатно поради тежината на снегот што врнеше минатата  недела, врнежите од дожд и големата количина на влага врз целиот објект.

Сега родители на ученици реагираат  и стравуваат од рушевините, поради безбедноста на нивните деца.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани