2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Пратеникот“ е новата премиера на Интимен театар-Битола која во сабота со почеток од 20 часот ќе биде изведена на сцената на Народниот театар од Битола како гостување и своевидна соработка меѓу двете театарски куќи.

Режисерката Софија Ристевска рече дека претставаста е иницирана од „Народен пратеник“ на Нушиќ, но само како основна каписла, зашто како што наведе „знаете дека не работам со автори ни живи, ни мртви во оригинал, па ги преработуваме текстовите“.

„Состевена е од два дела. Првиот целосно авторски е на нашиот тим и зборува за општеството, личните проблеми, човекот, дехуманизацијата, истите теми што ме засегаат години наназад. Феминизмот, како се чувства жената во државата, како се чувствуваат маргинализираните луѓе, дали во ова општество имаме шанса да живееме, дали има еднакви права за сите? Во вториот дел една љубовна интимна, дури и социјална приказна за двајца луѓе што никако не можат да избегаат еден од друг затоа што се сакаат, а истовремено и општеството ги притиска“, рече Ристевска.

Во претставата настапуваат двајца актери, Валентин Дамчевски кој веќе пет години во континуитет е дел од сите претстави на Интимен театар и Катерина Аневска. Заедно со нив на сцена ќе биде и кореографот и танчер Борис Богдановски , кој долго време работи во театарската школа за деца при Интимен театар.

„Се работеше напорно, но беше фасцинантно. Мојот лик во претсвата е третиот во нивната врска. Нивните мисли ги пренасочувам во движење и експресија на телото“, рече Богдановски.

Актерот Дамчевски, пак истакна дека „Пратеникот“ за него беше огромен предизвик зашто досега не работел толку експериментален процес со комплицирана естетика и тешки психофизички задачи кои намерно си ги задале.

Музиката во претставата е на композиторот Александар Талевски-Скачето, соработник на Интимен театар 10 години.

„Инспирацијата за музичкиот дел во најголем дел е од улогата на актерот, но и на оној внатрешен крик што го носиме во нас , она што не можеме да го искажеме и не сакаме. Се потрудивме музиката да ја извадиме од душа и крикот да го извадиме во претставата. Музиката е модерна или индустријал мјузик која магично влегува во цела претстава“, рече Талевски.

„Пратеникот“ трае 70 минути, камерна претстава е и ќе се одригра во Народен театар –Битола.

.

Да ѝ се даде шанса за живот на независната културна сцена од внатрешноста во државата, апелираше преку пост и видео обраќање на социјалните мрежи сопственичката на Интимен Театар Софија Ристевска- Петрушевска до Министерството за култура. Постот напиша дека е мотивиран од страв додека културните работници чекаат Министерството за култура да ги објави резултатите кои проекти ќе добијат финансиска поддршка од државата за годинава.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани