2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Војната и диктатурата никогаш да не се повторат, мораме со сета сила да се ангажираме за демократија и толеранција внатрешно, а надворешно, за разбирање и помирување, кажа германската амбасадорка Анке Холштајн на одбележувањето на 103-годишнината на Денот на помирувањето во Првата светска војна. Заедно со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и други дипломатски претставници, таа денеска присуствуваше на комеморацијата на француските воени гробишта во Битола и на германските во Прилеп.

 

„Денот на народната жалост е симбол на сеќавање и момент за размислување, емпатија и опомена, разбирање и помирување. Тој е мост кон заедничка мирна иднина на Европа. Заедно се залагаме за тоа што ја прави Европа: мирен, конструктивен, солидарен соживот на народите во Европа во интерес на нашата иднина“, рече Холштајн.

Амбасадорите положија цвеќе на гробиштата каде што се наоѓаат посмртните останки на илјадници војници, учесници во Првата светска војна. Бомгартнер потсети дека пред повеќе од еден век, на ова тло се бореле речиси 400.000 француски војници, а над 70.000 никогаш не се вратиле дома. Загинале во битките, многумина биле погодени од болести, но војната одзела и многу цивилни жртви од овој крај. Битола била на линијата на фронтот, подложена на секојдневни бомбардирања.

 

„Помирени сме врз основа на овие заеднички страдања, во помирена Европска Унија, која продолжува со своето обединување. Минатото и сегашноста треба да ни помогнат да изградиме подобра заедничка иднина. Тоа е смислата на соработката што се обидуваме да ја воспоставиме во Северна Македонија, со цел нејзино неодминливо враќање во европското семејство“, порача Бомгартнер.255591991 604759867615490 7101539911484002991 n

255377174 256326539887474 5367700104689321279 n

256458517 1025404921368525 8899458609289223007 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани