АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Активностите околу проектите за топлификација и гасификација на Битола беа главните теми на кои денес се разговараше на средбата на градоначалничката Наташа Петровска со генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миновски, директорот на инвестиции и развој во АД ЕЛЕМ Иван Трпески, директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски и помошник директорот за производство во РЕК Битола Златко Ќурчиевски. Раководството на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ја информираа градоначалничката Петровска за конкретните активности во однос на реализацијата на овие процеси, со што во наредниот период треба да се интензивираат проектните активности.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, за обвинувањата на првиот човек на Електрани на Македонија, Драган Миновски, се огласи преку својот ФБ профил. Тој напиша дека денешната прес конференција на Миновски има цел да го одвлече вниманието од скандалите со коруптивните бизниси кои се склучуваат во 4 очи во оваа компанија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поранешен директор на АД ЕЛЕМ во четири очи склучил два договори со непосредна спогодба со компаниите Пелистер и Марковски, двата во вредност од 10,5 милиони евра. Со Пелистер, веднаш по неговото назначување на функцијата, на 3 ноември 2016г, за сума од 5,7 милиони евра, а три месеци подоцна и со Марковски – за 4,8 милиони евра, обвини директорот на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски.