АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамки на 22 издание на фестивалот „Битола отворен град“ вчера летната сцена во МКЦ – Битола беше простор за изложба на цртежи, графики и фотографии од младите уметници:
На музика па Олабај!
На театар па Олабај!
...Се креативните пакети кои ги надополнуваат и промовираат програмите на меѓународните фестивали во Битола, обезбедувајќи дополнителна програма што ќе ги анимира и задржи гостите и посетителите во локалната заедница, ќе ги поврзе со истата и ќе ја мотивира да ја конзумира фестивалската уметност. Во оваа слика воспоставуваме двострана нераскинлива врска помеѓу меѓународните фестивали во Битола и жителите во локалната заедница. „Олабај“ создава простори исполнети со содржини кои се резултат на нашата заложба да создаваме заедници кои поттикнуваат синергија помеѓу различните, помеѓу раздвоените по возраст, род, пол, област на интерес...
Ова „олабаено“ доживување започнува на 22 јуни со програмата „На музика па Олабај“ која е креирана за Меѓународниот младински арт фестивал „Битола отворен град“ и продолжува со програмата „На театар па Олабај“ која е креирана за „Битола Шекспир Фестивал“.
Дел од овие програми се Уметничката работилница: „Треба да ги затвориш очите – инаку нема да видиш ништо.“, „АrtHunt“ - Современи уметничи интервенции, „Ништо ново под сонцето“ и „Празната чинија одекнува најгласно“ – музички концертни надополнувања и џем сешн.
Овие два пакети одекнуваат со пулсот на слободата за експеримент, наметнувајќи се како нужно надополнување на културните пулсирања во градот.
Оваа програма ги балансира уметничките елементи кои имаат смисла и оние кои немаат, со ефектот на противречност, двосмисленост наспроти логиката и разумот.
„Олабај“ е програма која ќе се реалзира во текот на целата година.
Проектот го реализира Здружение на граѓани за поинакво делување АРТАКТ Битола со поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија.
АРТАКТ Битола
И во европски рамки, но и кај нас коефициентот на повреди кај младите луѓе е за 40 отсто повисок за разлика од возрасните работини групи што е доста алармантно. Процентот се должи на недоволната информираност на младите во однос на безбеднопста и заштитата при работа при првото вработување. А втората работа е што младите не обрнуваат многу внимание на оваа тема, а мора да се посочи и недоволната присустност на безбедноста како тема во курикулумите од најмала возраст, па се до академското образование, рече Алекасандар Тодоровски од МКЦ Битола, кординатор на проектот „ Безбедност и здравје при работа за млади” за време на завршната конференција во Битола.
Целта на оваа завршна конференција беше во финалната фаза од проектот да се вклучат сите релевантни чинители и да се споредат постоечката политика и реалната состојба за безбедност и здравје при работа за млади како и влијанието на активностите кои се преземени во средните стручни училишта во Битола. Финалните препораки од Конференцијата за унапредување на политиките и практиките за безбедност и здравје при работа за млади ќе бидат испратени до Министерството за образование и наука и други релевантни институции.
На настанот свое обраќање во однос на Безбедноста и здравјето при работа со фокус на млади имаа Гордана Ноческа- Стручно лице за БЗР од Логaритам ДОО Прилеп на тема “Подобрување на безбедноста и здравјето при работа на младите работници” и Ред. Проф. д-р Иво Кузманов од Технички Факултет – Битола на тема “Безбедност и здравје при работа за млади”.
„Најголем причинител на повредите е невниманието, особено кај младите лица, кај повозрасните лица искуството прави да занамруваат голем број фактори. Најголем број на повреди процентуално има кај најискусните вработени, 50 плус години, пред фаза на пензионирање кога мислат дека знаат се и тогаш се случува онаа критична повреда. Кај младите повредите се помалку како бројка, како резултат на невнимание, но повредите се потешки неискуството си го прави своето“, рече Кузманов.
Тој додаде дека професијата заштита при работа станува дефицитарна. Од 908 стручни лица во Македонија дури 98 проценти се над 40 години и се при крај на работниот век. Многу малку лица се занимаваат со оваа професија, а вакви експерти треба да има по сите компании кои работат со производство.
Младински културен центар - Битола во овој проект ја согледува можноста да ги вклучи младите во реализацијата Националната стратегија за безбедност и задравје при работа 2020 на локално ниво, но и да ги вклучи сите релевантни чинители на локално ниво најмногу во интерес на креиреањето на безбедни работни места за младите при нивното вработување. Општата цел на проектот е подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа, додека специфични цели се: подигнување на свеста за значењето на безбедноста и здравјето при работа кај средношколците, подобрување на нивото на знаење за улогата, потребата и значењето на безбедни и здрави работни позиции и развој на култура за превенција кај средношколците и учество во реформските процеси за безбедност и здравје при работа во средните стручни училишта.
Овој проект е дел од проектот “Подобрување на работните услови и безбедноста и здравјето при работа како поддршка на земјите од Западен Балкан за пристапување кон Европската Унија„ финансиран од ЕУ, имплементиран од Македонското здружение за заштита при работа.
Младинскиот културен центар - Битола како граѓанска организација која активно работи на промовирање на волонтерството на локално и национално ниво, реализира волонтерска акција наречена Опстанок.
Акцијата се реализира во СОУ „Таки Даскало“ Битола, во соработка со вработените и волонтерите од училиштето, со цел обновување и обезбедување на услови за зачувување на зеленилото во училишниот двор. За време на акцијата се засадија садници и се постави систем за наводнување „капка по капка“ како би обезбедиле услови за одржување на зеленилото во училишниот период. Во дополнение на оваа активност волонтерите ги разубавија жардинериите во дворот со исцртување и обојување.
Училишниот двор во СОУ „Таки Даскало“ Битола сега е уреден, раззеленет и обезбедени се услови за опстанок на зеленилото во престојниот летен период.
Во акцијата беа вклучени 50 волонтери од редовите на волонтерскиот клуб на училиштето, вработените во училиштето и претставници од граѓанскиот сектор во Битола.