АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Локалната власт предводена од ДПМНЕ, Поинаку и Левица за само три месеци од мандатот потроши 2 милиони евра од касата на општината, изјави Елена Кромидаровска, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ.
„Два милиони евра се потрошени, а на терен нема никакви видливи резултати! Улица нова се нема изградено, ново училиште не е започнато, мостот кај Безистенот уште стои затворен! А, од сметката на Општина Битола за три месеци се потрошени повеќе од 2 милиони евра! На што се потрошени овие пари градоначалниче Тони Коњановски“, праша Кромидаровска.
-За нафта во училиштата сигурно не се. Оти општината не пушта пари училиштата да си ја платат нафтата за вештачки да креира слика за неспособност на директорите. Вака како што тргнала локалната власт предводена од ДПМНЕ и Тони Коњановски, Општина Битола за кратко време ќе се доведе во ситуација да не може редовно да си ги плаќа обврските. Ако денот по утрото се познава, Битола е на пат да го добие Тројче- , рече советничката.
„Офицерскиот Дом, кој ДПМНЕ го третираше како приватен имот и сакаше да го продава, по доаѓањето на новата локална власт повторно станува синоним за нивното разбојништво недомаќинско и неодговорно однесување.
Денес истиот станува параван за печалење на пари, на блиските на фамилиите на ДПМНЕ и Поинаку претворени во настан наречена ,,Зимска приказна“.
Ги прашуваме Дпнме и Поинаку јавно да им кажат на граѓаните колку од нивните пари завршија во џебовите на жената на наводниот секретар на Општина Битола, браќата на советници од Поинаку и Дпмне, како и една од фирмите која е во сопственост на советник од советничката група на Поинаку.
Иако официјално тврдат дека потрошиле 25 илјади евра, нашите сознанија се дека се потрошени околу 50 илјади евра.
На седницата која ќе се одржи во понеделник ќе бараме финансиски извештај за целокупната зимска приказна која од зимска стана непотистичка и која под превезот наречен ,,Дочек на нова година“ се претвори во сказна за полнење на нечии џебови на луѓето кои на граѓаните кои само пред три месеци им продадоа кампањска шарена приказна“, изјави Мирјана Захариевска-Ралевска, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ Битола.