2win800x200

Од петокот до денес инспекцијата утврди 22 непочитувања на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти во туристичките места во земјава. Меѓу нив се и пет угостители од Битола, а направени се прекршувања врз основа на членовите 205 и 206 од Уредбата и за истите ќе бидат поднесени кривични пријави.


Од прекршувањата 8 се во Охрид, 4 во Струга, 5 во Битола, 3 во Дојран, и по едно во Маврово и Кочани. При направените надзори било утврдено присуство на гости во сместувачките објекти иако засега тоа не е дозволено. Исто така кај двајца угостители од Охрид е утврдено непочитување на протоколите и работното време.

Државниот пазарен испекторат во моментот е со засилен надзор на правни субјекти кои вршат угостителска дејсност во повеќе градови, а контроли се вршат со полициска асистенција со цел да обезбеди максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани