2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Високата медицинска школа од Битола со месеци е без вода, а нема ни средства за дезинфекција, во услови на пандемија со ковид-19 кога според пропишаните здравствени протоколи во установите задолжително е одржување на хигиена, се пожалија редовни професори.

„Во една ваква криза со коронавирус вистински се срамам бидејќи Високата медицинска школа во Битола едуцира кадри за здравствените струки и ова е недозволено, пет-пест месеци нема вода, нема тоалети. Во мојот кабинет има еден прст прашина. Дезинфекциони средства нема ни едно. Ситуацијата ја прели чашата, ова е државна институиција, не може да се гонат угостителите, а државата да ги остави своите институции, односно раководителите на тие институции, да покажуваат крајна негрижа“, обвини Томе Наумов, долгогодишен професор по екологија.tome naumov

Тој уште се пожали дека во неговиот кабинет нема ни интерент врска, а за Високата медицинска школа рече дека работи без да го исполнува основниот законски услов, да има 10 редовни професори, но затоа има повеќе административци отколку наставен кадар.

„Сега имав предавање по епидемиологија почнавме денес физички со дистанца. Јас предавам епидемиологија и инфектологија во оваа институција , а нема ни вода, ни дезинфекциски средства, ни санитарни чворови, апсолутно нема услови. Дури и да нема физичка настава, имавме испити, има вработени во школата, администрација, доаѓаат студенти, мора да има обезбедени услови за хигиена“, рече професорката Снежана Стоилова.snezana stolilova

Директорката на Високата медицинска школа, професорката Домника Рајчановска, со допис до медиумите одговори на обвинувањата дека Високата медицинска школа по завршувањето на јулската испитна сесија (25.07.2020г), во почетокот на месец август започна со градежно-занаетчиски активности за санација на санитарните јазли, кои не беа реновирани последните 30 години и беа во субстандардна состојба.

„За време на оваа состојба за сите вработени во Школата и странки е обезбеден санитарен чвор, со вода и дезинфекциони средства во останатиот простор во Школата. Активностите се во завршна фаза, и очекуваме да завршат до крајот на тековната недела. Од почетокот на пандемијата ВМШ ги почитува и спроведува сите протоколи за заштита според уредбите на Министерството за здравство и Комисијата за спречување и заштита од заразни болести“, пишува во одговорите на директорката.

Во однос на обвинувањата за наставниот кадар, таа одговори дека Школата функционира со акредитирани студиски програми на прв и втор циклус студии, во согласност со Законот за високо образование.120939533 1563048610542323 1450030425088107697 n

120896317 2770353956541310 3812695613949123257 n

 

-Во земјава годишно има над 1300 смртни случаи како последица на нездравиот воздух. Од загадувањето имаме зголемен морталитет и морбидитет или заболувања и умирања. Анализите што ги направија експерти од Светска банка, врз основа на еколошки и здравствени податоци издадени од Институтот за јавно здравје, покажуваат дека околу 1350 случаи годишно умираат како резултат на аерозагадувањето, а напоменувам дека Битола е меѓу трите градови каде што е најзагадено.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани