2win800x200

Учениците во основните училишта се ослободуваат од обврската да носат маски на училиште, но тоа не важи за наставниците и техничкиот персонал, препорача денес Комисијата за заразни болести. Претседателот Александар Петличковски рече дека оваа препорака нема да биде задолжителна и доколку некое од децата сака да продолжи да носи маса тоа може да го стори.

Исто така донесена е препорака за зголемување на капацитетот на исполнетост во затворените објекти како опери, театри, кина и друго од 50 на 70 проценти. А третата препорака е укунување на сертификатите за посета на угостителски објекти на отворено. Препораките ќе бидат доставени до Главниот кризен штаб и од таму на Влада за да бидат донесени во најкус можен рок.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани