АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Потпишан е договор со Јапонска амбасада за грант од 69 000 евра за реконструкција на покривот на градинката ,, Коца Василева" во Битола. Исто така потпишани се и прокети за подобрување на училишната средина во основните училишта „Кирил и Методиј" во Прилеп во вредност од 57 илјади евра, во училиштето „Алија Авдовиќ" во село Батинци во Општина Студеничани во вредност од 57 илјади евра и во училиштето „Светозар Марковиќ" во Старо Нагоричане во вредност од 52 илјади евра. На потпишувањето на договорите присуствуваше и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.