2win800x200

Синоќа Битола наликуваше на светските џез метрополи. Долгоочекуваниот новогодишен концерт "Приказна за еден град" се претвори во првокласен музички настан по кој ќе се памети оваа 2019 година. Големата сала на Центарот за култура беше исполнета до последното место, а од аспект на сцена, осветлување и звук концертот ги исполна сите стандарди на вистински голем настан.

“Приказна за еден град” е насловот на годинашниот новогодишен џез концерт на Jazzna & Friends кој во Битола на 26 декември ги носи извонредните музичари Џон Илија Апелгрин, Оливер Јосифовски, Дамир Имери, Славчо Коцев, Ади Имери, Сенад Хусеин, Рики Трајановски и Демир Кантуровски кои заедно со вокалистката Јасна Димитровска ќе направат вистинска џез бајка од познати кавери изведени во џез манир. Каков ќе беше животот без џез, добро знаат љубителите на овој музички правец, а битолската публика уште на првиот ден од продажбата на билетите ја распродава големата сала на Центарот за култура во Битола. Оваа година концертот има и мисија преку музиката да направи спој со уметноста создадена од битолските ученици вклучени во треш челинџ акцијата “Мети си со класнето” создавајќи уметнички скулптури од смет кои ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура пред почетокот на овој голем концерт. Битола со вакви извонредни музички настани покажува дека има можности и има публика еднаква на големите градови. Концертот е на 26 декември со почеток во 20.30 часот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани