Анета Блажевска

Анета Блажевска

Битолчани вечерва можат да видат и доживеат сина месечина. Време е за набљудување на ѕвездите вечерва (недела), кога ќе доживееме ретка сина месечина.

 
Сина месечина е всушност кога ќе доживееме две полни месечини во еден месец, при што првата го започнува месецот (1 мај), а оваа го затвора на 31 мај. Фото граѓани за АПЛА.мк  20260531 213251 409ef3ac 1422 4bcf bb48 926ca076c8e4

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н. Р. (22), М. И. (19), О. Н. (19), Л. Г. (19), А. Д. В. (18) и 15-годишник, сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“.


Според полицијата, од февруари 2025 година пријавените дејствувале организирано како група. Тие креирале лажен профил на социјални мрежи во кој се претставувале како 14-годишна девојка и воспоставувале комуникација со машки лица. Потоа договарале средби на повеќе локации во Битола.


На договорените локации, членови на групата ги пресретнувале оштетените, ги снимале без нивна согласност, ги навредувале, омаловажувале и психички малтретирале. Тие ги принудувале да даваат изјави дека се „педофили“. Создадените видеозаписи и лични податоци потоа ги објавувале јавнo на социјални мрежи. Од МВР велат дека со ваквите постапки кај оштетените предизвикале чувство на страв, понижување и загрозување на нивната сигурност.

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион.

„Динамиката на изградбата на автопатот Прилеп-Битола е одлична, работиме со одлично темпо, роковите ќе бидат запазени. Очекувам веќе следната пролет да ги имаме првите километри автопат на овој потег, што многу ќе значи за движењето, за економијата и за поврзувањето не само на Прилеп и Битола, туку и на општините Могила и Новаци, како и на Ресен и Демир Хисар”, изјави Николоски.

Манипулации во врска со декларирани проценти на млечни масти во преработки од млека, утврдила Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), соопштија денеска од институцијата, додавајќи дека на операторите кај кои се утврдеи неправилностите им се изречени парични казни.

Имено, како што информираат од Агенцијата, предмет на анализа биле 45 мостри од млеко и млечни производи, при што кај десет оператори било констатирано дека примероците не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, однос производите содржеле помал процент на млечни масти од она што било истакнато на декларациите.

Така, кај еден оператор со храна, лабараториското тестирање на мостра од вкупно одземените 22 килограми сирење, било утврдено дека наместо 20 проценти млечна маста, како што стоело на декларацијата, производот содржел само еден процент. Поради ова на операторот му е изречена парична казна од 3 500 евра во денеска противвредност.

Дополнително, како што информираат од АХВ, на уште осум оператори – производители и увозници, им биле изречени казни од по 1 050 евра, бидејќи и кај нив биле констатирани идентични манипулации, односно имало разлики во декларираниот и реалниот проценст на млечна маст во контролираните млечни производи.

Кај друг оператор пак, со тестирањето било констатирано дека во производството на млечен производ користел растителни (палмини) масти, поради што му е изречена парична казна од 1 300 евра. Спорниот млечен производ од овој оператор, односно пакувањата со вкупна маса од 500 килограми биле повлечен од продажба и нештетно уништени на депонија, додаваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Оттаму посочуваат дека кај производителите и увозниците на храна од оваа категорија и во наредниот период ќе продожат засилените контроли.

Инаку, од АХВ велат дека 91 мостра од млеко и млечни производи, како и од сувомеснати производи, од домашно и странско производство, биле земени од официјалните ветеринари на Агенцијата во рамки на вонредните контроли, што биле извршени со цел да се утврди дали производите по својот квалитет реално соодвестуваат со она што е означено на декларациите. „Засега комплетирани се резултатите од тестираните примероци млеко и млечни производи земени од поголемите синџии на маркети во земјава. Се чека комплетирање и на резултатите за тестираните сувомеснатите производи, за што јавноста дополнително ќе биде известена“, се наведува во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Мечка нападна стадо овци во Крклино, информира градоначалникот Тони Коњановски.

 
-Ве информирам дека утрово околу 9:30 е пријавено дека мечка нападна стадо со овци во атарот на село Крклино, под манастирот во близина на каналот на хидро системот Стрежево, при што една овца настрадала. Сопственикот на стадото го пријавил настанот во СВР Битола, а и јас контактирав и со него и со СВР Битола од каде ме информираа дека екипа излегла на лице место, направила увид и го документираше настанот.
 
Исто така контактирав и информирани се и Центарот за управување со кризи и инспектор за лов при државниот инспекторат за шумарство и ловство при Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.
 
Ќе се исптрати допис до Министеството за земјоделие и Министерството за животна средина кои се надлежни за постапување во вакви ситуации за соодветна реакција од страна на надлежните со оглед на тоа што се работи за мечка, животинска врста која е ставена под заштита на законот, соопшти Коњановски

НУУБ ,,Св.Климент Охридски" Битола оствари меѓународна соработка со Градската библиотека „Марко Марулиќ“ од Сплит, Р.Хрватска

 
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола претставувана од делегација во состав: директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова, Зоран Јанакиевски и Јулијана Христовска-Кулевска, активно учествуваше на меѓународниот стручен собир којшто се одржа во Сплит. Првиот ден во Технолошкиот парк 3D „Mediterranean“-Сплит имаше претставување со научен труд, панел дискусија на тема: „Современи пристапи во обликувањето на библиотечните простори за деца и млади“ и наша постер-презентација. Потоа имавме посебно претставување на нашата Библиотека со видео презентација и говор од страна на директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова во библиотеката „Далматина“-Сплит.
Во рамки на настанот беше формализирана соработката помеѓу НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и Градската библиотека „Марко Марулиќ“ од Сплит преку потпишување на Меморандум за соработка од страна на директорките м-р Емилија Стефановска-Давкова и Гроздана Рибичиќ, со што се отвораат нови можности за размена на книги, материјали и професионални искуства, преку заеднички проекти, размена на кадар и меѓународни, како ЕРАЗМУС+ програми. 
 
На овај меѓународен стручен и научен собир учествуваа истакнати експерти, како и претставник од ИФЛА г-дин Ayub Khan, член на извршниот одбор при IFLA, како и професионалец со над 25 години искуство на високи позиции во областа на библиотекарството. Беа присутни многу домашни и странски библиотекари, како и архитекти, социолози, психолози и педагози кои учествуваа во програмата.
Потоа, во наредните денови беше организирана посета на островот Шолта, каде се посети „Куќата на Марко Марулиќ“ во Нечујам, Братската куќа во Грохота, како и Спомен-собата на Весна Парун.
Оваа меѓународна соработка започна минатата 2025 година со неколкудневната посета на Градската библиотека „Марко Марулиќ“ од Сплит, благодарение на Хрватскиот културен центар и МХД „Марко Марулиќ“, раководенo од Бранко Маретиќ и Неда Маретиќ.
Оваа меѓународна соработка ја оценуваме како исклучително успешена, одлично организирана, а со тоа и се истакна посветениот и професионален тим на ГКММ предводен од директорката Гроздана Рибичиќ. 
 
Ова е првата меѓународна соработка, од проектите за меѓународна соработка, поддржана од страна на Министерството за Култура и Туризам.  att.Ecn ShIiOt f0wSZM56MsfSFT xmRjW7M6go03TMosA

Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар повеќе не е дел од постојаниот, односно работниот состав на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА, откако на редовната седница во полн состав, одржана на 26 мај, за нов член беше избран митрополитот Струмички г. Наум. За негов заменик е избран митрополитот Европски г. Пимен.

Одлуката не е формулирана како дисциплинско исклучување на владиката Петар од Синодот во поширока смисла, туку како промена во постојаниот работен состав на САС. Тоа е важна разлика, бидејќи сите архијереи се дел од Синодот во полн состав, додека работниот состав е потесното тело што функционира меѓу седниците на целиот архијерејски состав.

Со новиот избор, работниот состав на Синодот во наредниот период го сочинуваат архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, митрополитот Струмички г. Наум и митрополитот Повардарски г. Агатангел. Митрополитот Пимен е назначен како заменик на новоизбраниот член Наум.

Промената доаѓа во период на засилени внатрешни тензии во МПЦ-ОА, откако владиката Петар во јавни настапи отвори повеќе прашања за функционирањето на црквата, управувањето со епархиите, односите меѓу архијереите и состојбата со новоформираните епархии. Дел од тие теми се поврзани и со неговите претходни ставови за епархиите во дијаспората и за статусот на одделни владици.

Во официјалното соопштение на САС не се наведува дали на седницата биле разгледувани конкретни барања или обвинувања изнесени од владиката Петар. Синодот информира дека ги разгледал и усвоил годишните извештаи од епархиите во земјата и дијаспората, со посебно внимание на демографската состојба кај македонскиот православен народ.

На истата седница Синодот донел одлука за формирање Фонд за поткрепа на многудетни семејства, а формирана е и комисија што треба да ја разгледа материјалната состојба на новоформираните епархии. Ова прашање е едно од чувствителните теми во МПЦ-ОА, особено по интеграцијата на поранешните структури на ПОА и распределбата на новите црковни надлежности.

Синодот посочил и на лошата состојба на дел од духовното и културното наследство во македонските храмови и манастири, оценувајќи дека недостигот од стручни кадри за конзервација претставува сериозен проблем. Од САС е упатен апел до надлежните институции да преземат мерки за заштита на црковното наследство.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани