Анета Блажевска

Анета Блажевска

Акциска контрола на подрачје на СВР Битола, санкционирани 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети

 

На 13.06.2026 во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети. Притоа, биле констатирани вкупно 80 прекршоци кои ги прават моторциклистите, од кои 44 за неносење на  заштитна кацига-шлем, пет прекршоци за управување под дејство на алкохол, седум мерки за измината важност на сообраќајна дозвола, две мерки за измината важност на осигурителна полиса и 22 мерки за останати прекршоци. Додека, 10 мерки се преземени за возачите на електрични тротинети.

 

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

 

 

Од битолското обвинителство информираат дека е отворена истрага против битолчанец кој неколку месеци силувал 12-годишно девојче.

-Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12 – годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело – Прикажување на порнографски материјал на дете од член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз оштетената и нејзиниот исказ и врз други сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, велат од Обвинителството.

Едногласно, битолскиот Совет ја изгласа иницијативата за ослободување од комунална такса на угостителите во Старата битолска чаршија. Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски информира дека на денешната 13 седница на Советот како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ  поднесоа  иницијатива за ослободување од комунална такса на угостителските објекти – ресторани и кафе барови кои работат во Старата битолска чаршија.

 

"Нашата цел е да им помогнеме на локалните стопанственици, да ги намалиме нивните трошоци и да создадеме дополнителен поттик за развој на угостителството и туризмот во овој значаен дел од градот.

 

Старата битолска чаршија е симбол на Битола, место со богата историја, традиција и автентичен дух. Затоа сме должни преку конкретни мерки да придонесеме за нејзино економско и туристичко оживување.

 

Веруваме дека оваа иницијатива ќе биде поддржана и ќе претставува чекор напред кон поатрактивна, пожива и поуспешна Стара битолска чаршија, изјави Бојкоски. 

Матурантката Искра Нечаковска од Гимназијата "Јосип Броз Тито" Битола е избрана да ја претставува Македонија на три олимпијади по физика. Таа е селектирана да учествува на Европската олимпијада во Шведска и на Меѓународната олимпијада по физика во Колумбија. 

Друштвото на физичари на Македонија соопшти:

По завршувањето на Селекциониот натпревар  за  10. Европска олимпијада по физика која ќе се одржи од 12 до 16 јуни 2026 во Готенбург, Шведска, Друштвото на физичарите на Република Македонија го одбра тимот на ученици кои ќе ја преставуваат Македонија на оваа олимпијада:

 

1. Искра Нечаковска, IV година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола

 

2. Андрија Младеновиќ, III година,  ДСУ „Математичко-информатичка гимназија" - Скопје

 

3. Даниел Христовски , III година, ПСУ „Јахја Кемал“ - Скопје

 

4. Марко Серафимовски, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ - Скопје

 

5. Михаил Шапчески, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ - Скопје

 

Водачи на тимот ученици ќе бидат:

1. проф. д-р Ирина Петреска – Раководител на Институтот за физика и член на Комисијата за натпревари при ДФРМ

2. Јан Стојановски, студент на Институтот за физика и и поранешен олимпиец.

 

По завршувањето на Селекциониот натпревар  за  56. Меѓународна олимпијада по физика која ќе се одржи од 04 до 12 јули 2026 во Букараманга, Колумбија, Друштвото на физичарите на Република Македонија го одбра тимот на ученици кои ќе ја преставуваат Македонија на оваа олимпијада:

 

1. Искра Нечаковска, IV година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола

 

2. Андрија Младеновиќ, III година, Математичко-информатичка гимназија, Скопје

 

3. Панче Крстев, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ Карпош, Скопје

 

4. Андреј Доневски, III година, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово

 

5. Михаил Шапчески, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ Карпош, Скопје

 

Водачи на тимот ученици ќе бидат:

1. проф. д-р Ламбе Барандовски – Претседател на ДФРМ

2. д-р Христијан Кочанковски Претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ.

 

 

СО ОВАЦИИ И ДОЛГОТРАЈНИ АПЛАУЗИ БЕШЕ КРУНИСАН КОНЦЕРТОТ НА ТРИОТО „ИНТЕРАРТ“ ВО МАКЕДОНСКИОТ КИЦ ВО ЗАГРЕБ

     Пред бројната публика во македонскиот КИЦ во Загреб, вчеравечер се одржа извонреден концерт на Триото „Интерарт“ од Битола, кое со својот врвен уметнички настап ја воодушеви публиката и беше наградено со долготрајни и искрени аплаузи. Публиката уживаше во концертната вечер исполнета со врвна уметничка интерпретација, техничка прецизност и исклучителна музичка зрелост.

Флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, заедно со пијанистката Татјана Божиновска, преку својот уметнички израз, богатото концертно искуство и беспрекорната изведба, приредија музичка вечер исполнета со виртуозност, префинета интерпретација и исклучителна сценска енергија. Публиката имаше можност да ужива во концерт кој уште еднаш го потврди високото место што Триото „Интерарт“ го зазема на македонската и меѓународната музичка сцена.

На почетокот на концертот  присутните ги поздрави директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска која истакна дека е од особено значење што овој концерт е дел од годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб – институција којашто претставува важен мост на пријателство, културен дијалог и соработка меѓу Македонија и Хрватска.  „Особена чест ми е што вечерва го најавувам концертот на триото ‘Интерарт’, составен од уметници со богата меѓународна кариера и исклучителен придонес во афирмацијата на македонската музичка култура. Уверена сум дека публиката ќе има ретка можност да ужива во едно незаборавно музичко доживување. Преку нашата програма континуирано работиме на промовирање на македонската култура, јазик и уметност, создавајќи простор за меѓусебно запознавање, почитување и поврзување меѓу нашите две пријателски земји“, истакна Ѓоргоска Илиевска.

Настанот беше реализиран со поддршка на Министерството за култура и туризам во рамките на годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, кој континуирано работи на промоција на македонската култура, јазик и уметност и на јакнење на културните врски меѓу Македонија и Хрватска.

Хоџа и Солстром во посета на Националниот парк Пелистер: МЖСПП останува посветено на заложбите за долгорочна заштита на природното наследство
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и заменик министерката Ане Лашкоска денеска беа во посета на Националниот парк Пелистер, заедно со амбасадорот на Шведска, Ола Солстром.
За време на посетата, директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, информираше за активностите што се спроведуваат за заштита на природните вредности на најстариот национален парк во државата. Посебен акцент се стави на зачувувањето и обновувањето на шумите од молика – ендемичен вид и еден од најпрепознатливите симболи на Пелистер.
Министерот Хоџа ја поздрави иницијативата на ЈУ Национален парк Пелистер за примена на современи пристапи во управувањето и заштитата на шумските екосистеми и ја потврди поддршката на Министерството за понатамошно унапредување на капацитетите на паркот.
Во таа насока, Хоџа најави дополнителна поддршка за Националниот парк Пелистер, преку инвестиција во современ објект за рана детекција и следење на шумски пожари.
МЖСПП останува посветено на заложбите за долгорочна заштита на природното наследство и справување со последиците од климатските промени.

Полициски службеници при СВР Битола ги лишиле од слобода Ѓ.Б.(30) и С.Б.(51), двајцата од Битола.

Како што се наведува во полицискиот билтен, двајцата битолчани биле уапсени постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Цветан Димов“ во Битола го нарушиле јавниот ред и мир под дејство на алкохол, а потоа физички нападнале полициски службеници кои преземале на службени дејствија.

 

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани