
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола денеска ја објави листата на учесници кои добија финансиска поддршка на годинешното издание на БИТ ФЕСТ
Граѓаните кои живеат во зградите во близина на Градскиот зелен пазар во Битола, се жалат дека продавачите на земјоделски производи, но и купувачите ги окупираат зелените површини и пешачките патеки на улиците околу пазарот, особено поранешната улица „Едвард Кардељ“.
Општина Битола работи на усогласување на проектите за изградба на гасификација и топлификација во Битола.
-Во фаза на евалуација на доставените понуди од страна на ЕЛЕМ Скопје усно и писмено, Општина Битола е информирана дека проектот топлификација на Битола е повторно актуелен.
Времето денеска е сончево и топло со слаб ветер од променлив правец, а попладне во западните планински предели можна е појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура е во интервал од 29 до 36 степени.
Од денеска, 13 август, во Клиничката болница во Битола започнува пилот програмата со која магнетната резонанца работи 24 часа секој работен ден, поточно до полноќ со пацинети закажани преку „Мој термин“, а потоа со лица со приоритетни и болнички упати. За време на викендите магнетната резонанца ќе работи од 8 до 18 часот, а доколку има интерес и до 24 часот, соопштија од битолската болница.
Театарската претстава за Ѓерѓ Кастриот Скендербег, од албанско-американскиот актер Џеват Лимани, вечерва во 19 часот ќе биде прикажана во малата сала на Центарот за клутура -Битола, како дел од програмата на Битфест. Улогата на Доника ја толкува сопранот Ера Хоџа, додека другите ликови се појавуваат преку филмски секвенци и гласови.
Музиката е на Александар Пеци, костимографија на Енкел Дика, додека сценографијата на Кристак Капедани. Режијата ја направија Џеват Лимани и Мајкл Тило-актер и режисер во Холивуд.
Туристичките населби и кампови покрај Преспанското езеро денеска вријат од капачи и туристи, а возачи потврдуваат дека утрово имало невообичаена гужба на патот од Битола кон повеќе одморалишта крај Преспанското езеро. Така е денеска и во автокампот Крани каде битолчани се најчестите гости.
Во организација на мотоклубот Конзули од Битола, попладнево од плоштадот Магнолија стартуваше 8-та по ред мото-тура низ Битола. Моторџиите по дефилето низ градот, ќе заминат да кампуваат надвор од Битола.



Две фотелји веќе неколку часа се наоѓаат на патот кој води кон излезот од Битола за Прилеп и никој не ги отстранува.
Во организација на Сојузот на борците од Битола, синоќа во „Магазата“ беше отворена изложбата „Битолски партизански легенди“ со 28 портрети на партизани од Битола и битолско. Автор на оваа изложба е историчарот д-р Александар Литовски.