АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Туристичките населби и кампови покрај Преспанското езеро денеска вријат од капачи и туристи, а возачи потврдуваат дека утрово имало невообичаена гужба на патот од Битола кон повеќе одморалишта крај Преспанското езеро. Така е денеска и во автокампот Крани каде битолчани се најчестите гости.
Кампот сместен во подножјето на планината Баба и на брегот на Преспанското Езеро на надморска висина од 850 м.н.в. е вистинска воздушна бања за посетителите. Плажата е полна со капачи, а се ужива и под дебелите сенки на дрвајата кај автокампот.
Дебелите сенки на дрвајата се запоседнати од камперите и туристите од кои голем дел од нив повеќе од 30 години се „станари“ на Автокампот. Различни жанрови на музика од транзистори, мирис на скара, детски џагор се слушаат од секое ќоше што го прави уште поубав престојот овде покрај водите на Преспанското езеро.
Ренесансата што автокампот Крани и воопшто Преспа ја доживеа изминатите години со средување на плажите и летувалиштата се потврда за уште една успешна летна сеозна.